Резултати за пребарувањето: а

загиба | св.

Почне да гиба, да пипа некого или нешто. Тој ја загиба мачката со едно стапче.

разучи | св.

Проучи, продлабочено научи нешто. Првиот дел од испитот го разучи до најситни делови. Проблемот го разучи во целост.

клумка | несв.

Тресе, клати сад исполнет со течност за да се измеша; клацка 2. а). Го клумка шишето со сок и става во чашите.

разрие | св.

Изрие, раскопа. Разријте ја таа грамада, расчистете го патот. Тој ја разри земјата околу себе. Водата ја разри браната.

затопи 1 | св.

Стави нешто во вода, во нешто течно. Ги затопи алиштата. Затопи еден залак леб во манџата.

затопи 2 | св.

Почне нешто што е тврдо да го топи, да го растопува. Сонцето го затопи мразот по улиците. Силниот оган го затопи парчето маст во тавата.

намине | св.

Патем посети некого или нешто на кусо време. Намини кај мене на едно кафе. Кумата, кога ќе се пуштеше црквата, секогаш ќе наминеше кај нас. Ќе наминам во аптеката да видам дали добиле лекови.

клунар | м.

(само мн.) Општ назив за цицачи што во телесната градба имаат карактеристики на птици и на влекачи и живеат во географската област на Австралија; Monotremata.

загаси | св.

Направи нешто делумно или целосно да престане да гори или да свети; изгаси. Дождот го загаси огнот.