Резултати за пребарувањето: а

разучи | св.

Проучи, продлабочено научи нешто. Првиот дел од испитот го разучи до најситни делови. Проблемот го разучи во целост.

клуска | ж.

Направа за фаќање глувци; склупца.

разрие | св.

Изрие, раскопа. Разријте ја таа грамада, расчистете го патот. Тој ја разри земјата околу себе. Водата ја разри браната.

заточи 3 | св.

Лиши од слобода со ставање во затвор или под строг надзор на определено, обично далечно место. Го заточиле на пуст остров.

загаси | св.

Направи нешто делумно или целосно да престане да гори или да свети; изгаси. Дождот го загаси огнот.

загали | св.

Почне да гали;

клумка | несв.

Тресе, клати сад исполнет со течност за да се измеша; клацка 2. а). Го клумка шишето со сок и става во чашите.

загака | св.

Почне да гака; Гуските загакаа и летнаа.