Резултати за пребарувањето: а

наниже | св.

Надене на конец, направи низа (од бисер, од тутун, пиперки и др.). Нанижа црвени пиперки за сушење.

загака | св.

Почне да гака; Гуските загакаа и летнаа.

згазне | св.

згази_1 Танцувајќи тој ја згазна девојката. Жената го згазна мажот и му даде знак да престане.

затрие | св.

Почне да трие. Енергично го затри загореното тенџере.

могила | ж.

Мало возвишение.

разори | св.

Опустоши, разнесе (со експлозив и сл.); разурне, разруши. Војската ја разори зградата со бомби. Атомската бомба го разори градот. Земјотресот го разори Скопје.

ковало | ср.

Алат за потковување.

гракне | св.

Еднаш испушти звук „грак“. Гавранот гракна и одлета.

гракот | м.

Звук на гракање. Од дрвјата се слушаше гракотот на гавраните.

загази | св.

Почне да гази; гази Загазив во студената вода. Тој загази во снегот. Загази по дебелата волнена простирка.