Резултати за пребарувањето: а
монета | ж.
Кована (метална) пара; пари општо; банкнота. Златна монета. Сребрена монета. Ни мина векот како на книжна монета. Колекција од монети.
ракета 2 | ж.
Лопатка за играње пинг‒понг. Кинески ракети. Силен удар со ракетата кон левиот агол.
загади | св.
Направи нешто да биде штетно, опасно за употреба; зарази, инфицира. Го загадија бунарот. Ја загадија храната.
затрпи | св.
Почне да трпи. Народот затрпе тешки маки. Од тој ден затрпе злобни подбивања, но на ниедна не одговори.
јагула | ж.
Вид слатководна и морска риба што личи на змија; Anguilla vulgaris. Јагулите умираат по мрестењето. Месо од јагула.
вртача | ж.
Длабнатина на карстен терен.
рајбер | м.
Вид кука, резе за затворање врати, прозорци и сл. однатре. Вратата однатре е затворена со неколку големи рајбери. Таа ги провери рајберите на прозорците.
крадне | св.
Украде по малку; поткрадне. Крадна по некое зрнце жито.
богами | мод.
За потсилување на тоа што се кажува. Грмеше, богами, пол саат, прописно. А сега, богами, ни со години нема да ја поправиш положбата.
рајски | прид.
Што се однесува на рај. Рајски порти. Рајски градини. Рајско јаболко.