Резултати за пребарувањето: а

адитив | м.

Додаток, обично за подобрување на квалитетот на некои производи. Брашното е без адитиви. Моторното масло е со адитиви.

кобалт | м.

Хемиски елемент, сребренобел метал сличен на никелот и железото, што влегува во составот на многу легури; симбол Co.

ракета 2 | ж.

Лопатка за играње пинг‒понг. Кинески ракети. Силен удар со ракетата кон левиот агол.

заушки | и.

Воспаление на заушните жлезди. Машките деца потешко ги поминуваа заушките.

рајбер | м.

Вид кука, резе за затворање врати, прозорци и сл. однатре. Вратата однатре е затворена со неколку големи рајбери. Таа ги провери рајберите на прозорците.

морнар | м.

Лице што служи во морнарица или на брод. Кралски морнари. Морнарите ги кренаа едрата. Морнарот си ја носи главата в торба.

заврти | св.

Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска. Го заврте клучот на вратата. Го заврте воланот за цел круг.

рајски | прид.

Што се однесува на рај. Рајски порти. Рајски градини. Рајско јаболко.

морија | ж.

Чума, епидемија од чума. Старецот беше тука, не можеа да го сотрат војните, мориите, гладот и жедта. Стравична морија. Чудна морија.

врлува | несв.

Беснее, уништува. Чумата врлуваше.