Резултати за пребарувањето: инка

Инка | м.

Припадник на древен народ во Јужна Америка, на просторот на денешно Перу.

инка | ж.

Направа во вид на конус, на врвот продолжен со цевка што служи за претурање течност во сад со тесен отвор.

динка | ж.

Воденица во која се лупи ориз.

чинка | ж.

Магија, ритуал со магиско дејство. Таа го држеше со чинки. Не е од болест, туку е од чинка. Оживувале мртви и симнувале чинки од слепи.

џинка | ж.

Вид кокошка со мал раст.

ринка | несв.

Чепка, буричка, рие со рило. Свињите ринкаат во дворот.

единка | ж.

Индивидуа, едно лице.

синкав | прид.

Што има боја блиска до сината. Синкавиот чад од цигарата се извиваше во собата. Синкава светлина. Синкава магла. Синкаво пламенче. Синкав облак.

илинка | ж.

Еден вид кајсија што узрева околу Илинден.