Резултати за пребарувањето: кубе

кубе | несв.

Вади од корен (од основата) нешто (влакно, пердув и сл.) Таа ги кубеше белите влакна. Тој ја кубеше тревата. Старата ја кубеше закланата кокошка.

кубе | ср.

Свод во облик на полутопка (особено на црквите); купола. Кубиња на катедрала. Кубето на црквата е позлатено.

скубе | несв.

Вади, истрга од корен, од основата влакно, пердув и сл.; кубе. Таа ги скубе белите влакна од косата на мајка си. Таа си ги скубе веѓите пред огледалото. Влакно по влакно му скубел од брадата. Жената ја скубе закланата кокошка.

кубен | прид.

Што се однесува на куб. Кубен метар. Кубен корен.

окубе | св.

За пердув, влакно – истргне, отстрани од корен; искубе. Домаќинката ја окуба кокошката и ја стави да се вари.

оскубе | св.

Со кубење отстрани коса, пердуви; искубе.

закубе | св.

Почне да кубе; Таа си ги закуба косите и заплака.

искубе | св.

Вади, истргне влакна или пердуви од корен. Ја искуба кокошката. Ми ја искуба косата.

кубест | прид.

Што е како кубе, што има облик на кубе. Кубест покрив. Големи височини со кубести врвови.

накубе | св.

Кубе во доволна мера, колку што треба. Накуба трева за стоката.