Резултати за пребарувањето: мошти

мошти | и.

Посмртни останки, коски од светец. Моштите на светецот. Неговите мошти имале чудотворна моќ.

изнемошти | св.

Губи моќ, физички заслабува. Болеста ги изнемошти старците.

омаломошти | св.

Изгуби сила, ослабне, изнемошти. Во тој миг допре до него и го омаломошти мекиот глас на момчето.

ополномошти | св.

Даде некому полномошно право, целосно овластување да направи нешто. Таа го ополномошти да го направи договорот и да стори сè како што треба.

полномоштие

Зборот е поврзан со: