Резултати за пребарувањето: раса

раса 1 | ж.

Историски создаден тип луѓе со заеднички телесни и духовни својства, морфолошки, географски и др. особини, со заеднички наследни физички карактеристики што се појавиле со текот на еволуцијата со приспособувањето кон определени средини и што ги издвојуваат од другите (боја на кожата, очи, коса, структура на телото и сл.). Бела раса. Црна раса. Жолта раса. На средбата присуствуваа припадници од сите раси. Формата на косата варира според расата на човекот, а исто така и бојата на очите. Припадници на белата раса.

расад | м.

Специјално одгледувани растенија за пресадување. Расад за домати. Расадот е подготвен за садење. Празот се одгледува исклучиво со расад. Расад за цвеќиња. Расад на тутун. Производство на расади. Квалитетен расад.

расат

Зборот е поврзан со:

траса | ж.

Обележен, означен правец на проектиран пат, железничка пруга и сл. Должината на трасата е утврдена.

краса | ж.

Поради суеверие – име за змија. Го касна краса.

красат | прид.

Што накиселува, киселкав. Красато грозје.

расади | св.

Пресади растенија, расад на определени места. По еден месец ги расади цвеќињата. Напролет го расади празот.

параса | св.

Остави, напушти, трати, занемари нешто, изгуби интерес за некого или нешто.

тераса | ж.

Голем отворен или покриен балкон на зграда, куќа и сл. Ги изнесе цвеќињата на тераса. Тие седеа на терасата од кафеаната.