збере | св.
а) Собира нешто што е расфрлано, распослано, распространето. Ги збра играчките во кутија. Збери ги алиштата, суви се. Кога беше на планина, збра чај. б) Насобере (пари, помош, материјал итн.) малку по малку со штедење, со постепено прибирање. Одвај успеа да збере пари за нов автомобил.
збеснат | прид.
Глаголска придавка од збесне.
збеснатик | м.
Тој што е збеснат; Тоа не е дете, туку збеснатик. Некој збеснатик го замавал со камења.
збесне | св.
Стане бесен, гневен, распуштен. Тој збесна и му удри шлаканица. Кучето збесна и му се фрли на минувачот. Кога ќе разбере татко ти, ќе збесне. Со својата рамнодушност и незаинтересираност правеше таа да збесне. Збеснаа од многу пари.
збеснет | прид.
Збеснет човек. Збеснето кучиште.
збива | несв.
Тешко, забрзано дише испуштајќи придушен звук. Збиваа магарињата под товарите дрва. Детето збиваше од трчањето. Седна, но сѐ уште збиваше, не можеше да зборува.
збивта | несв.
Збива; Збивта, но брза да стаса навреме. Овците се збрале в купче, збивтаат од горештина.
збигори | св.
збигороса | св.
а) Фати бигор, бигороса. Тенџерето збигоросало. б) Нанесе бигор на нешто. Тврдата вода брзо ги збигороса садовите. Дождовите ги збигоросаа стаклата на прозорците.
збидне се | св.
Се исполни, се случи, стане реалност. Неговите очекувања се збиднаа. Како што предвидуваше така се збидна. За она што веќе се збиднало нема враќање.