пустиништво | ср.

Живот на пустиник.

пустински | прид.

Што се однесува на пустина. Пустински песок. Пустинска жега.

пусто | чест.

При искажување незадоволство. Го маваше магарето и му викаше, ди, пусто. Пусто, што не можам сам да одам да видам.

пусто | прил.

На пуст начин, како во пустелија. Пусто остана полето. Пусто и празно одекнуваше куќата. Пусто му беше на душата.

пустош | м.

Пусто, празно место, ненаселено или опустошено место; пустелија. Насекаде пустош. Војниците зад себе оставија пустош.

пустошен | прид.

Што има изглед на пустош. Пустошно место.

пустоши | несв.

Унишува, прави пустош. Пустоши ветрот сè пред себе. Огнената стихија пустоши веќе два дена.