рабуш | м.

Во минатото ‒ стапче за бележење на сметката при купување, разделено по должината на два дела, за продавачот и за купувачот, кои при купувањето се составувале и со зарежување преку двата дела се бележела сметката (вересијата). Ги бележи туѓите долгови на рабуш и трпеливо чека. Никој не сакаше да најде место на неговиот рабуш.

рабушлија | прид.

Што е изрецкан како рабуш; Рабушлија пиперка.

раван | м.

Начин на одење на коњ, при кој се чекори истовремено прво со двете десни нозе, а потоа со двете леви, независно од тоа дали чекори или е во кас.

раванија | ж.

Вид ориентален колач прелиен со шербет.

равен | прид.

равенка | ж.

Два еднакви математички изрази, поврзани со знакот на еднаквост, од коишто може да се пресмета една непозната количина. Равенка со една непозната.

равенство | ср.

(само едн.) Еднаквост.

раѓа | несв.

а) За жена ‒ донесува на свет дете, добива рожба; станува мајка. Жените треба да раѓаат повеќе деца. Раѓа близнаци. б) За животно ‒ донесе на свет младо животно.

рагби | ср.

Вид игра меѓу два тима со по 13 или 15 играчи кои настојуваат јајцевидната топка, удирајќи ја со нога и подавајќи ја со раце, да ја префрлат во противничкото поле.