разниша | св.

Направи нешто да почне да се ниша, да изгуби цврстина, стабилност. Ветрот ги разниша сувите гранки. Земјотресот ги разниша трошните куќи.

разнишан | прид.

Глаголска придавка од разниша.

разно | ср.

Точка на дневен ред, рубрика во весник, списание и сл. Ова прашање ќе го разгледаме во разно.

разно | прил.

Ние разно гледаме на настаните.

разно- | претс.

Како прв дел во сложени зборови со значење дека е различно, нееднакво, со различни својства тоа што е означено во вториот дел (разнобоен, разновиден, разнолик).

разнобоен | прид.

Што е со различни бои, обоен со повеќе бои. Разнобоен фустан. Разнобојни знамиња. Разнобојни светилки.

разновиден | прид.

Што е различен по вид, разнообразен, составен од различни видови. Разновиден животен опит. Разновидна активност. Разновидни јадења. Разновидни вежби. Разновидна дејност.

разновремен | прид.

Што се случува во различно време; истовремен. Разновремени настани.

разногласен | прид.

Што е составен од различни гласови, од повеќе гласови. Разногласни мелодии. Разногласни звуци.