разногласие | ср.

Несогласување, различност во мислењата, гледиштата, ставовите. Разногласие околу поимот национална програма. Разногласие околу ова прашање.

разногласица | ж.

Недоразбирање, остро спротивставен став,

разнозвучен | прид.

разногласен_1

разноимен | прид.

Што има различни имиња. Разноимени предмети.

разнојазичен | прид.

Што е составен од луѓе што зборуваат различни јазици. Разнојазична група. Разнојазично одделение.

разнолик | прид.

Што има различен лик, изглед; што го има, што се јавува во различни ликови, облици. Разнолика природа. Разнолики предели.

разномислие | ср.

Различен начин на мислење. Разномислието ја збогати дискусијата.

разнообразен | прид.

Што е различен, постојано поинаков, што се разликува по некои карактеристики. Разнообразна храна. Разнообразни текстови. Разнообразни етапи во творењето.