расцвети | св.
расцвили се | св.
Почне почесто, посилно да цвили. Коњите се расцвилиле. Таа се расцвилила.
расцвичи се | св.
Испушти звук, почне силно да цвичи. Свињите се расцвичиле.
расцвркоти се | св.
Испушти глас, почне да цвркоти. Врапчињата се расцвркотиле на расцветаните гранки.
расцеп | м.
Процеп, пукнатина, цеп. На ѕидот се појавија мали расцепи. На земјата имаше голем расцеп. На палтото имаше расцеп и оттаму ѕиркаше белата кошула.
расцепен | прид.
Скинат, со расцеп, со процеп ‒ обично за облека, за текстил и сл. Расцепено здолниште. Расцепени панталони. Расцепено палто. Расцепени пердиња. Тесен фустан расцепен од едната страна.
расцепи | св.
Раздели на делови со цепење. Таа го расцепи платното по должина. Тој го расцепи трупецот на неколку парчиња. Тие ја расцепија лубеницата на половина.
расцепка | ж.
Машински дел кој се употребува за да се спречи одвртувањето на навртките или на завртките. Расцепката се изработува од полукружна челична жица.
расцепка | св.
Исцепка, исцепи повеќе или уште повеќе;
расцепканост | ж.
Раздробеност, раздвоеност, разделеност. Расцепканост на семејството. Расцепканост на ставови.