расцивка се | св.

Почне многу да цивка. Пилињата се расцивкаа по дворот.

расцимоли се | св.

Почне многу да цимоли. Децата се расцимолија.

расцрка се | св.

Почне силно да црка. Таа се расцрка на цел глас.

расцрта се | св.

Почне многу да црта. Тој се расцрта и за неколку дена го заврши планираното.

расцрцори се | св.

Почне многу да црцори. Во градината се расцрцорија биљбилите.

расцут | м.

Процут, процвет;

расцутеност | ж.

За растенија ‒ состојба на тоа што е расцутено. Овошките во градината се во фаза на расцутеност.

расчади се | св.

Почне многу да чади. Оџакот се расчади.

расчекор | м.

Отсуство на усогласеност, изразено несогласување; остра разлика, изразена спротивност меѓу ставови, изјави, дејност и сл. Расчекор меѓу можности и желби. Расчекор меѓу теориската и креативната практика. Продлабочен расчекор.