расчовечи | св.

Направи некој да стане нечовечен, отчовечи некого. Тешкиот живот и неправдите ги расчовечија бегалците.

расчорли | св.

Разбушави, раскоштрави, растури коса, направи да стане несредена. Тој ѝ ја расчорли косата.

расчувствува | св.

Направи да стане обземен од чувства, од засилени емоции. Ти ќе ме расчувствуваш повеќе отколку што треба. Нејзиното пеење ги расчувствува присутните.

расчувствуван | прид.

Што е нагласено емотивен, разнежнет, восхитен, опфатен од емоции. Расчувствувана жена. Расчувствувани родители.

расчуди се | св.

Се размисли, се замисли, доуми. Остави му време да се расчуди.

расчуе се | св.

Се разгласи, се прочуе, се дознае, се рашири информација и сл. Во училиштето се расчу убавата вест. Информацијата се расчу низ целото село. Се расчу дека имало немири во градот. Тогаш се расчу дека е убиен пашата.

расчука | св.

Со чукање отстрани, оддели плод од лушпа (обично грав и сл.). Уште од утрото го расчукаа гравот.

расчука се | св.

Почне силно да чука, да удира силно или уште посилно. Тие во ниедно време се расчукале.

рата | ж.

Дел од отплата. Јас ја платив првата рата. Тој ги плати сите рати.