ратај | м.
Земјоделски работник, земјоделец, полјоделец.
ратајство | ж.
Обработка на земјата како стопанска гранка; земјоделство; полјоделство. Во периодот на неговото ратајство тој се разболе.
ратеј | м.
ратификација | ж.
Акт со кој се извршува потврда, прифаќање на меѓународна спогодба или договор, конвенција од страна на овластен државен орган или од определена државна институција. Закон за ратификација на договори. Потребно е да се изврши ратификација на секоја европска спогодба и тоа да биде достапно до јавноста.
ратификува | св. и несв.
Изврши, врши ратификација; потврди, потврдува меѓународен договор. Владата го ратификува овој меѓународен договор.
ратифицира | св. и несв.
раун | м.
Свадбен дар/дарови. Голем и мал раун му подари. Бабата го изнесе раунот за зетот. Таа се грижеше за раунот на девојчето. Како раун му даде везена кошула.
рафал | м.
Зачестена стрелба едноподруго, испукувања без прекини од автоматско огнено оружје. Цела ноќ се слушаа рафали. Рафалот го покоси и тој падна. Рафалот го погоди во раката.
рафален | прид.
Што се прави во рафал. Рафална стрелба.
рафе | ср.
Дел од семката на виновата лоза, средиштен раб во вид на лента. Семката на виновата лоза од внатрешната страна има две бразди низ кои минува рафе.