татин | прид.

Што припаѓа на тате. Татините очи. Татино и мамино детенце.

таткин | прид.

Татков, татин.

татко | м.

Мажот родител, мажот во однос на сопствените деца. Неговиот татко беше многу строг. Татко ѝ имаше фурна во градот. Таа сестра му беше само по татко.

татков | прид.

Што припаѓа на татко. Татковата куќа. Татково име. Таткова галеница. Таткова мудрост.

татковина | ж.

Земјата, државата во која некој се родил и чиј државјанин е. Љубов кон татковината.

татковински | прид.

Што се однесува на татковина. Татковински шуми.

татковнина | ж.

Имот наследен од таткото.

татковски | прид.

Што му прилега на татко, грижлив, добронамерен. Татковски совет. Татковски поглед. Татковски прекор.

татковство | ср.

Крвно сродство меѓу таткото и детето. Докажување на татковство.

татли | прид.

Што е сладок, вкусен. Татли боза.