тврдина | ж.
Градба оградена со бедеми за одбрана од непријателот; крепост, кале. Жените, децата и старците се засолнаа во тврдината. Самуилова тврдина.
тврдоглав | прид.
Што не отстапува од своите ставови, што не прифаќа туѓо мислење; своеглав. Тврдоглав човек. И двајцата се погодија тврдоглави и инаетчии.
тврдоглавец | м.
Тврдоглав човек.
тврдокорен | прид.
Што има тврда кора.
тврдокрил | прид.
Што има тврди крилја. Тврдокрилни инсекти
тврдокрилци | и.
Класа инсекти со тврди надворешни крилја во вид на капак кои го штитат вториот пар внатрешни крилја; Coleoptera.
тврдонепчен | прид.
Што се однесува на тврдото непце. Тврдонепчени согласки.
тврдоперки | и.
Класа риби со тврди шилести предни перки; Acanthopterygii.
те | зам.
Кратка заменска форма за директен предмет од личната заменка ти; се употребува самостојно или заедно со долгата заменска форма тебе те. Те видов вчера во паркот. Тебе те прашувам, вистина ли е?
те | сврз.
Доста сме биле под ропство, те под едни, те под други. Јас те така, те онака – кој знае како ќе излезе. Те рудник, те железница, те автомобил, те вили а згора ти, надзорник !?