исече | св.
Изреже на делови со нешто остро, со сечење издели на многу делови; распарчи. Го исече лебот на ситни парчиња за да има за сите.
исеченица | ж.
Пресечено место, рана од исекување.
исечка | св.
Исече нешто на мали, ситни делови. Го исечка кромидот.
исечка | ж.
Дел од круг меѓу два радиуса.
исечок | м.
Текст што е исечен, изделен од некоја книга, весник и сл. Го прочита исечокот од весникот за да докаже дека има право.
исили се | св.
Се затрча силно. Се исили и на крајот падна.
исипе | св.
Со сипење испразни, истури нешто.
иситни | св.
Разбие некоја поголема целина, издроби, издели на ситни парчиња, направи нешто да биде ситно. Ги иситни бисквитите и ги полеа со млеко.
исихазам | м.
Монашко движење во источно-христијанската црква во периодот од XII до XIV век, чиишто претставници сметале дека преку молчење, самување и аскетизам ќе се доближат до Бога и ќе стапат во контакт со него.
искади | св.
Со палење миризлива материја (темјан и др.) рашири чад.