ш | глас
Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, венечна според местото на образување, теснинска (струјна) според начинот на образување.
шeќерпаре | ср.
Вид ориентално слатко, колаче, мало топче од тесто полеано со шербет. Тие послужија балклава и турско шеќерпаре.
шаблон | м.
Калап, примерок што се употребува, што служи за добивање други исти или слични примероци. Оваа машина има 35 шаблони за везење. Пластични шаблони. Метални шаблони.
шаблонизација | ж.
Сведување на шаблон, спроведување според определен образец, сообразено според нешто, постапување по шаблон.
шаблонизира | св. и несв.
Направи, прави нешто според определен образец, сведе, сведува на шаблон; изврши, извршува дејство несвесно или според шаблон. Наставата за почетно читање ќе се шаблонизира.
шаблонизиран | прид.
Глаголска придавка од шаблонизира.
шаблонски | прид.
Што се однесува на шаблон. Шаблонски изрази и фрази. Шаблонски правила.
шава | несв.
Мрда, се движи по малку, се наоѓа во движење. Гранките шаваа на ветрот.
шавар | м.
(бот.) Барска трска, барско зеленило за правење рогозина; Cyperaceae.
шаварлија | прид.
Шегобијно, направен од барска трска. Сабја шаварлија.