а 1 | ср.
Глас, една од петте самогласки во македонскиот јазик. Изговори го а.
а 2 | сврз.
За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени. Ние седевме, а тие гледаа во нас.
а 3 | чест.
На почетокот на реченица, за воведување нова мисла што директно не се надоврзува на претходно кажаното. Сите лежевме со мислите дома. А, таму на планината маглата го голтнала врвот. А, на крајот тоа можеби и не е така страшно.
а 4 | изв.
а) За повикување. А, излези малку да те видам! А, да ми се сега другарите! б) ааа... За изразување нагласување и за истакнување на наредната информација; во зависност од интонацијата може да изразува несогласување, неверување, чудење, и сл. Ааа, не може тоа така како што сакате вие! А-а-а, и тоа ми бил јунак!
а- | претс.
Претставка во зборови од туѓо потекло со значење на негирање или отсуство на означеното со основниот збор, на пр.: авитаминоза, асиметрија, атеизам, аморален, анационален, аполитичен, асиметричен, асоцијален.
аба | ж.
(само едн.) Груба волнена ткаенина, шајак. Бечви со црвени ширити од четворна аба.
абажур | м.
Штит на ламба од платно, хартија, стакло или од други материјали што ја ублажува светлината и ја насочува во определен правец. Свети ламбата со абажур направен од обичен картон.
абаџија | м.
Лице што шие алишта од аба. Дуќанот на абаџијата е затворен.
абдал | м.
Глупак, будала. Трај бре, абдал!
абдикација | ж.
Откажување, оставка од престол, власт или од челна позиција.