ч | глас
Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, венечна според местото на образување, преградно-теснинска според начинот на образување.
чабав | прид.
Што е ветов, поцрнет, потемнет, покриен со саѓи, исчаден. Чабав кожув.
чабур | ж.
Голема чаша за вино
чавка | ж.
Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки.
чавкарница | ж.
Куќа, место распаднато, неуредно во кое престојуваат само чавки.
чавкин | прид.
Што се однесува на чавка.
чад | м.
Ситни честички и гасовити производи од согорување што се креваат во воздухот кога нешто гори; Се крена бел чад и пепел. Густ чад. Барутен чад. Тутунов чад. Чадот од оџаците се извиваше над куќите.
Чад | м.
Држава во Африка.
чадалка | ж.
Направа што чади за смирување на пчелите.
чаден | прид.
Што бил изложен на чад. Чадени колбаси. Чадено месо.