ѕ | глас
Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик.
ѕан! | изв.
За подражавање на краткотраен звук од удар на метален или стаклен предмет (ѕвоно, чаша и сл.); Низ присоите се ширел ѕвонот од стадата: ѕин, ѕан, ѕин, ѕан!
ѕангари | несв.
За метален или стаклен предмет – ѕвечи, ѕвечка; Ѕангарат синџирите. Ѕангареа стаклата од прозорците.
ѕвезда | ж.
(астр.) Светло небесно тело што испушта сопствена светлина. Сонцето е ѕвезда.
ѕвездаллија | прид.
Што предизвикува симпатија, мил, умилен. Маж ѕвездаллија. Жена ѕвездаллија. Момче ѕвездаллија.
ѕвезден | прид.
Што е со ѕвезди, што е исполнет со ѕвезди. Ѕвездена вечер. Ѕвездена галаксија. Ѕвездено небо. Ѕвездени ноќи.
ѕвездест | прид.
Што е со форма на ѕвезда. Ѕвездест орден. Ѕвездест крст. Ѕвездеста снегулка. Ѕвездести цветови.
ѕвездичка | ж.
дем. и хип. од ѕвезда. Ѕвездичка со златен зрак. Темното небо го красат сјајни ѕвездички. Фустан од темно кадифе и ѕвездички што светкаат.
ѕвездолик | прид.
Што личи на ѕвезда, ѕвездест. Ѕвездолики снегулки. Насреде беа ископани ѕвездолики леи.
ѕвездоманија | ж.
Неумерно обожавање на филмски, телевизиски, музички и други ѕвезди од естрадата.