м | глас
Глас, двоуснена согласка во македонскиот стандарден јазик.
ма! | изв.
За довикување на лице од женски пол. Дојди, ма!
маалец | м.
Тој што е од исто маало со некој друг. Сите маалци ми завидуваа.
маало | ср.
Одделен дел на градска или селска населба. Ги прашуваше од кое маало се.
мава | несв.
Удира, тепа некого или нешто. Човекот со тупаници го маваше крадецот.
Мавар | м.
Припадник на народ со арабиско потекло, владетели на Шпанија во средниот век.
мавзолеј | м.
Голем надгробен споменик, градба.
мавка | несв.
мавне 1 | св.
Удри, зададе удар; мава. Го мавна со тупаница по лицето.
мавне 2 | св.
Направи еднократно движење со рака или со нешто;