х | глас
Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, меконепчена според местото на образување, струјна според начинот на образување.
ха | чест.
За засилување на исказот при изразување на силни чувства (задоволство) или на јасни ставови (одобрување, несогласување итн.) – Ха, конечно успеав. – Ха, ти така мислиш ама јас не мислам така.
ха! | изв.
За изразување на изненадување. – Ха, зарем е можно тоа!?
хабанера | ж.
Вид шпанско-кубански танц.
хабилитација | ж.
Одбрана на труд со кој може да се добие некое звање на универзитетски наставник. Тој се подготвува за хабилитација.
хабилитациски | прид.
Што се однесува на хабилитација, што служи за хабилитација. Хабилитациски труд. Хабилитациски период.
хабилитира | св. и несв.
Докаже, докажува способност (обично со некој научен труд) за наставник на универзитет.
хабитуален | прид.
Што се повторува, што минал во навик, вообичаен. Хабитуални дејства.
хабитус | м.
Севкупност од надворешни особености на телото; надворешна телесна градба кај човек, кај животни или кај растенија.
Хабсбуршка Монархија | ж.
Назив за Австроунгарија.