ѓ | глас
Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, тврдонепчена според местото на образување, африкативна според начинот на образување.
Ѓавато | ср.
Село во Гевгелиско.
Ѓавато | ср.
Село во Битолско.
ѓавол | м.
Натприродно суштество кое обично живее во пеколот, замислено како олицетворение на зло; зол дух, враг, сатана. На секоја лејка живееше по еден ѓавол. Ѓаволот е оној што им ги носи во приказната сите несреќи на луѓето.
ѓаволест | прид.
Што е немирен, палав. Ѓаволеста девојка. Ѓаволести црни очи.
ѓаволи | несв.
Прави ѓаволски работи, прави зло.
ѓаволит | прид.
Што е немирен, палав.
ѓаволица | ж.
Немирна, палава млада жена.
ѓаволка | ж.
ѓаволува | несв.