о 1 | изв.
За изразување на чудење, изненадување, на силни чувства на радост, болка, тага, на силна желба итн. О, колку е убаво овде! О, ти си толку добра! О, колку е жално тоа!
о 2 | чест.
За да се засили потврдување, одрекување, неверување или негирање. О, да, секако, со сигурност е така. О, не, ништо од ова не е вистина. О, не, тоа не е можно!
о | глас
Една од петте самогласки во македонскиот јазик; самогласка од заден ред.
о- | претс.
Претставка/префикс за образување глаголи со значење:
оаза | ж.
Место во пустина со вода и со вегетација. Во оазата останавме неколку дена.
об- | претс.
(оп- пред безвучна согласка) Претставка/префикс за образување глаголи, најчесто со значење – дејство што го опфаќа објектот од сите страни: облепи, опшие, опсипе.
Об | м.
Река во Русија.
обагри | св.
Обои со црвеникава, румена боја; Крвта му ја обагри кошулата.
обајцата | бр.
(само членувано) За лица од машки род или за лица од машки и од женски род – и едниот и другиот; двајцата. Обајцата знаеме што се случи. Обајцата молчеа. Си отидоа обајцата.
обара | св.
(нар. поез.) Пребара, претресе.