у 1 | предл.
Еден син у мајка. У Танчевци. У Шлегово куќа шимширова.
у 2 | предл.
Сè му кажа у лице. Гледај ме у очи. Ќе се видиме у недела.
у | глас
Една од петте самогласки во македонскиот јазик, самогласка од заден ред. Изговори у.
у! | изв.
Извик за изразување на зачуденост, изненадување, незадоволство. У, жити децата, не прави така. У, што ги најде кутрите
у- | претс.
Претставка/префикс кај глаголите и изведувањата од нив за искажување на свршеност на дејството (уапси, умножи, уништи, услужи, устрои, утеши) или на насоченост на дејството во внатрешноста на нешто (упадне, уткае, увие).
уа! | изв.
Извик за изразување негодување против некого. Децата му викаа уа, уа, не можеше по улица да помине. Уа! Ти мори коконо!
Уагадугу | ср.
Главен град на Буркина Фасо.
уазбучи | св.
Среди по азбучен ред. Го уазбучи ексцерпираниот материјал.
уапе | св.
Касне. Ме уапа лута змија меѓу очите.
уапси | св.
Лиши некого од слобода. Полицијата уапси пет лица поради кражба и разбојништво.