џ | глас
Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, венечна според местото на образување, преградно-теснинска (африкативна) според начинот на образување.
џаба | прил.
џабе | прил.
Бесплатно, бадијала; за многу ниска цена. Сакаше ливадата џабе да ти остане.
џавка | несв.
За куче, пес – лае често и испрекинато. Во бачилото џавкаат пците.
џавкало | ср.
Пес, куче што често, многу лае.
џавне | св.
Се огласи еднаш, кратко со лаење;
џаволи | несв.
Зборува многу, сè и сешто, за сè и сешто, брбори.
џавте | ср.
Во изразите џавте корзо, џавте еден!, џавто една!
џагара-магара | изв.
За означување и подражавање на џагор, на гласно зборување на повеќе лица истовремено.
џагор | м.
Гласно зборување, измешани гласови и извици, врева. Допираше џагорот на луѓето од улицата. Џагорот притивна.