ф | глас
Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, уснена според местото на образување, струјна според начинот на образување.
фабрика | ж.
Поголемо производствено претпријатие со механизиран процес на производство, употреба на машини, со поголем број работници и со точно определена поделба на трудот. Текстилна фабрика. Фабрика за кожи. Фабрика за стакло. Фабрика за шеќер. Фабрика за конзерви.
фабрикант | м.
Човек што поседува фабрика. Се обогати: стана фабрикант, индустријалец, милионер.
фабрикат | м.
Производ изработен во фабрика. Фабрикат на индустријата за мотори.
фабрикација | ж.
Фабричко производство на стоки. Фабрикација на стоки за широка потрошувачка.
фабрикува | несв.
Произведува на фабрички начин. Фабрикува машини.
фабрицира | несв.
фабула | ж.
Содржина, развој на настаните во едно литературно дело. Историска фабула. Новелистичка фабула. Лирска фабула. Занимлива фабула.
фабулација | ж.
Создавање фабула. Фабулацијата како важен дел во создавањето на една литературна творба.
фабулен | прид.
Што се однесува на фабула.