ј | глас
Глас, сонант во македонскиот стандарден јазик.
ја | зам.
Кратка форма за директен објект од личната заменка таа, онаа; се употребува сама или заедно со долгата форма неа ја; Ја праша ли? Неа да ја прашаш.
ја | чест.
За посочување кон нешто. Ја го детето. Ја го младоженецот и тој дојде.
ја! | изв.
а; SYN_ајде. За поттикнување кон некое дејство, повик да се направи нешто. Ја, земи ти да видам што ќе направиш. Ја излези стара мајко на прозорецот! Ја подај ми рујно вино! Ја запеј ми една песна!
јабана | ж.
Туѓина, странство. Замина на јабана. Се врати од јабана. Туѓина ‒ јабана.
јабанец | м.
јабанџија | м.
Туѓинец, непознат човек; странец. Тие се јабанџии, не се од овде.
јаблан | м.
Дрво од фамилијата тополи, со висока тесна круна што се сади во паркови и во дрвореди; Populus pyramidalis.
Јабланица | ж.
Планина во Македонија.
јаболкар | м.
Лице што бере или што продава јаболка.