н | глас

Глас, сонант во македонскиот стандарден јазик, забновенечен по местото на образување, експлозивен по начинот на образување.

нè | зам.

Кратка форма за директен предмет од ние; доаѓа само нè или се удвојува со нас – нас нè. Сигурно нè виде. Не можеше тогаш да не нè праша. Нас нè виде и ништо не ни рече.

на 1 | предл.

Пространствено значење: а) Место каде што се наоѓа нешто или се случува нешто. На тротоарот стоеја двајца стражари. Се криел на таванот. б) Вршење на дејство кон определено место, насока. Се искачија на Водно за половина час. Утре одиме на Бистра да скијаме.

на 2 | чест.

За посочување или при подавање; На ти ги твоите добри девојчиња. На, земи и ти малку од питава. На ти некој денар да ти се најде. На ви по едно јаболко.

на- | претс.

Претставка/префикс во образувањето на глаголи, а поретко на други видови зборови.

на'рга се | св.

Се наработи тешка, неблагодарна работа.

на'ртен | прид.

Што има 'ртулци, што е со 'ртулци. Пожелно е да се садат на'ртени компири.

на'рти | св.

Пушти повеќе 'ртулци, 'рти во големо количество. Компирите веќе на'ртиле.

наака | св.

Натрупа, нагнете, нафрли без ред во големо количество. Во собата наакале сè и сешто. Ветрот наакал многу снег пред врата.

наала | св.

Напипа, допре потамина, наџбара. Ја подаде раката да наала каде е вратата. Со прстите ја наалка книгата.