е 1 | глас
Една од петте самогласки во македонскиот јазик; самогласка од преден ред.
е 2 | изв.
За чудење и за негодување. Е, па тоа не може така! Е, сега и ти претеруваш со некои работи! Е, голема работа си завршила!
е 3 | несв.
Постои, го има; се наоѓа, престојува некаде. Тој е уште таму. Автомобилот е во гаражата. Нашата делегација беше во Тајван.
ебонит | м.
Пластична маса, тврда гума што се добива со вулканизација на каучук. Неколку видови ебонити беа претставени на нивната изложба како експонати.
евакуација | ж.
Преселување, пренесување луѓе, материјални добра и сл. од едно место на друго во определени несоодветни услови за живот предизвикани од војна или од природни непогоди. Дури по евакуацијата мајка се сети дека ја заборавила својата невестинска низа алтани.
евакуационен | прид.
Што се однесува на евакуација. Евакуациона зона. Евакуациони планови.
евакуира | св. и несв.
Пресели, преселува, пренесе, пренесува луѓе и други работи од местото што се напушта на друго место. Екипите ги евакуираа жените и децата од градот во околните села. Печатарските работници ги евакуираа машините.
евала | изв.
Браво, благодарам. Евала, дојдовте и вие во мојот дом.
евангелие | ср.
Името на четирите библиски книги од Новиот завет, напишани од апостолите: Матеј, Марко, Лука и Јован. Првото евангелие е според Матеј, еден од учениците на Исус Христос.
евангелија | ж.