љ | глас
Глас, сонант, мека согласка во македонскиот стандарден јазик.
љуба | ж.
Жена, сопруга.
љубезен | прид.
Што е учтив, срдечен, пријатен. Љубезна насмевка. Љубезен глас. Љубезен домаќин.
љубен | прид.
Што е предмет на љубов, што е сакан. Тој замина, но никогаш не ја заборави љубената жена.
љуби | несв.
Чувствува љубов, сака некого или нешто. Прв пат вистински љубеше. Истовремено ја љубеше и ја мразеше.
љубим | прид.
Најсакан, омилен. Тоа е неговата љубима тема.
љубимец | м.
Најсакано лице, галеник. Љубимец на учителката. Љубимец на публиката.
љубител | м.
Тој што е наклонет кон нешто. Тој е љубител на уметноста. Љубител на музиката. Љубител на книгата.
љубичица | ж.
Шумско и полско цвеќе со темновиолетови или бели цветови, со пријатен мирис; Viola odorata; Шумска љубичица. Питома љубичица. Бела љубичица.
Љубљана | ж.
Главен град на Словенија.