с | предл.

(само во поезијата и во некои состави: с овци, с кози)

с | глас

Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, забновенечна според местото на образување, фрикативна според начинот на образување.

с- | претс.

Претставка/префикс

сè 3 | зам.

Целиот износ од нешто, сите делови, елементи на даден збир; Му дадов сè. Родила жената сè девојчиња. Од сè срце ти посакувам среќа. Сè или ништо.

сè 4 | прил.

а) За време ‒ секогаш, постојано. Сè доаѓам, а тебе те нема. Сè тоа го зборува. б) сè уште ‒ досега, уште и сега, уште и понатаму.

са | прид.

Само во состав со некои именки што означуваат време – цел, сиот: са лето, са зима, са година, са ноќ. Са зима болна лежала. Са лето работел на село. Са ноќ не заспал.

саа | ж.

саан | м.

Поголем плиток бакарен сад. Бакарен саан. Полн саан со туршија. Изнесе саан со сирење.

саат | м.

(разг.) Единица за време еднаква на шеесет минути; час. Три саати. Неколку саати. За еден саат тргнуваме.

саатчија | м.

Тој што поправа или продава часовници. Познат саатчија. Имаше саатчија на аголот.