ишарети | несв.

Прави ишарети. Сакаше да позборува нашински, а не само да мрмори и да ишарети.

ишари | св.

Украси со шарки. Таа го ишари килимот со разни шарки.

ишарка | св.

Таа го ишарка цртежот.

ишијас | м.

Силни болки што се шират од 'рбетот по должината на нервот на ногата.

ишка | несв.

Брка со викање ‒ иш!

ишмрка | св.

Шумно вовлече нешто во носот, низ носот. Беше настинат и силно ишмрка со носот.

ишмука | св.

Со шмукање излиже, изеде. Кучето ја ишмука коската. Детето го ишмука бонбончето набрзина.

ишне | св.

Избрка со извикот „иш“. Ја ишна мачката надвор и ѝ ја затвори вратата.

иштав | м.

Апетит. Има иштав.