изнасмее | св.
Насмее некого многу, силно; Кловнот ги изнасмеа дечињата до солзи.
изнасобере | св.
Насобере во голема мера, целосно. Изнасобра книги за испитот.
изнаспие се | св.
Се наспие добро, доволно, колку што е потребно. Се изнаспа слатко под сенката на лозницата.
изнасрка се | св.
Се насрка во доволна мера. Се изнасрка попара.
изнастане | св.
Стане наеднаш повеќемина. Кога влезе војводата, сите изнастанаа да го поздрават.
изнастине | св.
Настине многу. Децата изнастинале играјќи мокри во снегот.
изнатепа | св.
Натепа некого во голема мера. Добро го изнатепаа.
изнатрупа | св.
Натрупа многу, во голема мера. Изнатрупа снег еден метар. Изнатрупа дрва за зимоска.
изнатрча | св.
Натрча во голем број, наеднаш. Од сите страни изнатрчаа луѓе да го гасат пожарот.
изнаучи | св.
Научи многу работи одеднаш, или едно по друго. Тој изнаучи повеќе занаети.