ношница | ж.

Долга кошула за спиење.

Нуакшот | м.

Главен град на Мавританија.

Нубиска Пустина | ж.

Пустина во Африка, меѓу реката Нил и Црвеното Море.

нуди | несв.

Предлага, препорачува, овозможува некому нешто да купи, да земе, да прими. Нуди добра стока. Нуди богато јадење. Нуди книга. Нуди стипендија. Нуди помош.

нужда | ж.

Потреба од нешто. Имам нужда од кола. Немал нужда од помош. Во крајна нужда ќе земам кредит.

нужен | прид.

Што е потребен, што е неопходен. Нужен производ. Нужна поправка. Нужна помош. Нужна подготовка. Нужна промена.

нужник | м.

Место, просторија за вршење нужда; клозет, тоалет.

нуклеарен | прид.

Што се однесува на атомското јадро. Нуклеарна енергија. Нуклеарна централа.

нуклеарка | ж.

Нуклеарна централа.