кладиво | ср.

Спортска дисциплина и реквизит, метална кугла врзана со верига за дршка, што служи за фрлање.

клампав | прид.

Што е поголем, поширок од потребното. Ги носеше оние клампави чизми. Се срамеше од своите клампави шаечки панталони.

клан | м.

(истор.) Родовска заедница во Шкотска и Ирска.

кланец | м.

Теснец меѓу две планини или два рида; клисура.

кланик 1 | м.

Место покрај огниште каде што стојат дрвата. Седна покрај згаснатиот кланик.

кланик 2 | м.

Јагне што се коле за Ѓурѓовден.

кланица | ж.

Претпријатие, погон во индустријата на месо каде што се коле добиток.

клапа 1 | ж.

стапица.

клапа 2 | ж.

Преграда на срцето, преку која се регулира движењето на крвта низ телото, залисток.