краба | ж.
Вид морски рак; Brachyura.
крава | ж.
Израснато женско говедо, женката на бикот; Bos vacca. Млечна крава. Јалова крава. Стелна крава.
кравар | м.
Тој што одгледува, што чува крави. Секоја вечер краварот ги молзеше кравите.
краварига | ж.
Вид трупка.
краварник | м.
Штала за крави.
краварство | ср.
Одгледување крави како стопанска гранка.
кравата | ж.
Директорот секогаш носеше костум и кравата.
кравај | м.
а) Леб, погача од некиснато тесто. б) Вид пита, преснец.
кравји | прид.
Што е од крава. Кравја маст. Кравјо кисело млеко.
краг | м.
Тркалезна штица за месење леб. Го замеси тестото на крагот.