хумористичен | прид.
Што се однесува на хумор, што содржи, што е проткаен со хумор. Хумористичен расказ. Хумористична нота. Хумористична серија. Хумористични народни песни.
хумористички | прид.
хумус | м.
Горен слој од земјата, богат со хранливи материи настанат со распаѓање на животински и растителни остатоци под влијание на микроорганизми. Плоден хумус. Хумус во почвата. Збогатување на земјата со хумус.
хумусен | прид.
Што се однесува на хумус, што содржи хумус. Хумусно земјиште. Хумусни материи.
Хун | м.
Припадник на древен народ од азиско потекло.
хунта | ж.
Политичка или воена организација карактеристична за Шпанија и за земјите на Латинска Америка.
хурија | ж.
Девојка во муслиманскиот рај, рајска, небесна убавица.
хусар | м.
Лесно вооружен војник од редот на унгарската коњица. Чета хусари. Хусарите јуришаа први.
Хјурон | м.
Езеро во Северна Америка, од Големите Езера.
Хјустон | м.
Град во сојузната држава Тексас, САД.