цакне | св.
Ѕвекне еднаш, испушти силен метален звук. Машината цакна и се изгаси. Часовникот цакна и ме исплаши.
цалави | несв.
Обично за дете ‒ прави да биде претерано разиграно, расмеано. Не цалави го детето, треба да спие.
цанцаре | ср.
цап 1 | м.
цап 2 | м.
Полукружен отвор на ногалките на разбојот во кој се наоѓа крајот на вратилото.
цап! | изв.
За означување на звукот што се слуша кога ќе падне мал предмет во течност или кога ќе се цапне во течност, обично, во вода. Одејќи по патот направи цап! ‒ и згазна во вирот.
цапа | несв.
Гази, чекори, оди по кал, снег, вода, тиња и сл. Цапаше низ калта. Цапаше низ соспи снег. Цапаа низ реката.
цапалка | ж.
Стапалка, трага од цапнување. Газеше по цапалките низ снегот.
цапка | несв.
Цапа по малку. Цапкаше низ водата со босите нозе.
цапне | св.
Згазне, зачекори, стапне во кал, снег, вода, тиња и сл. Цапна во вода. Цапнаа во калта.