цинички | прид.
Што се однесува, што припаѓа на циник. Цинички сфаќања.
цинк | м.
Метал со синкавобела боја, хемиски елемент; симбол Zn. Канта од цинк.
цинквајс | м.
Бел прав, цинково белило, се употребува за добивање бела боја. Во сликањето користеше цинквајс.
цинков | прид.
Што содржи цинк, што има цинк. Цинкова руда. Цинков оксид.
цинкограф | м.
Специјалист по цинкографија.
цинкографија | ж.
Постапка, техника на втиснување слики или букви во цинкови плочи заради печатење.
цинкува | несв.
Прекрива, премачкува нешто со цинк. Ги цинкуваше старите делови.
цинобер | м.
(хем.) Вид минерал, природен сулфид на живата со јака црвена боја.
цинцарка | ж.
Вид тиква со дебела кора. Во котлето се вареше цинцарка.
цинцарче | ср.
Многу мало динче со убави шари и многу пријатен мирис, не се употребува за јадење. На полицата мирисаа неколку цинцарчиња.