црцне | св.

црцор | м.

Врева, звуци што ги испуштаат некои птици и инсекти. Црцорот на птиците. Црцорот на штурците.

црцорец | м.

Вид крилест инсект, мажјакот на стомакот има кожичка која треперејќи произведува специфични звуци (црцор) при високи температури; Cicada. Песната на црцорците.

црцори | несв.

а) Пушта звук сличен на црцорец. Птицата црцореше на дрвото. Во житото црцореа скакулците. б) Пушта звук сличен на црцор (за месо што се пржи, за дрво што гори и сл.). Варта црцореше. Црцорат суровите дрва.

црцорлив | прид.

Што многу црцори. Црцорлива птица. Црцорлив глас.

цунка | несв.

цупка | несв.

Потскокнува, подрипнува. Детето цупкаше по тревата.