цутне | св.

цутче | ср.

цуца | ж.

Девојче.

цуце | ср.

цуцка | несв.

Потскокнува, подрипнува. Цуцка по патот.

цуцка | ж.

Пувка (на птица). Птица со цуцка.

цуцла | ж.

Гумена шмукалка со чија помош детето шмука млеко од шише. Шише со цуцла.

цуцул | м.

Вид птица преселница со цуцка на главата и долг тенок клун; Upupa epops; Јато цуцули.

цуцулест | прид.

Што има шилест врв. Цуцулеста шапка. Цуцулести ридови.

цуцули | несв.

(дијал.) Става нешто на високо место, реди едно врз друго во височина. Најгоре ги цуцулеше зрелите домати.