чурлика | несв.

чурудиса | св.

Направи да биде чурук. Што чурудиса детено, што арно си беше.

чурук | прид.

Што е расипан, гнил, недобар. Чурук стока. Чурук овошје.

чуруклак | м.

Расипаност, гнилост.

чурулика | несв.

За птица ‒ убаво пее. Чучулигата чурулика. Врапчињата весело чуруликаа.

чурулин | м.

Птица што живее покрај реките по суви терени со чакал и по морските брегови; Burthinus oedicnemus.

чуручи | несв.

Прави да биде чурук. Не го чуручи детево. Тој свесно ја чуручи претставата за неа.