а 1
Значење на а:
1. Глас, една од петте самогласки во македонскиот јазик. Изговори го а.
2. а) Првата буква од азбуката со која се обележува гласот а. Напиши го а. б) Скратеница А=ампер; А=атом.
3. При набројување со значење прво. Во членот 5, под точка а) од Законот за работни односи.
Членувана форма: ато.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од а до ш – од почеток до крај, сѐ.
Оригинални податоци:
а1, ато ср. 1. Глас, една од петте самогласки во македонскиот јазик. Изговори го а. 2. а) Првата буква од азбуката со која се обележува гласот а. Напиши го а. б) Скратеница А=ампер; А=атом. 3. При набројување со значење прво. Во членот 5, под точка а) од Законот за работни односи. ◊ Од а до ш– од почеток до крај, сѐ.