а 2
Значење на а:
1. За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени. Ние седевме, а тие гледаа во нас.
2. а) За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински. Таа не сакаше да дојде, а тоа беше вистински грев. б) а камоли. За изразување сооднос на надоврзување, поточно на градација. Тој не сакаше писмо да напише, а камоли да дојде. в) не само...а и. Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Не само што не сакаше да јаде таа, а и нам не ни дозволуваше да јадеме.
3. а) За поврзување зборовни состави или реченици, меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен. Ние посетивме село, а не град. Не тага, а клетви во очите матни носи. Децата ја молеа, а таа не ги слушаше. б) а сепак. За изразување на спротивно од очекуваното, со значење и покрај тоа што. Многу сакаше да зборува,а сепак не рече ништо.
4. а...а а) За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива, или. А удолу, а угоре, исто ми се фаќа. б) За нагласување на наизменично вршење на дејства, за временско сопоставување, штом. А ќе стане, а ќе почне да се лути.
Оригинални податоци:
а2, сврз. 1. За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени. Ние седевме, а тие гледаа во нас. 2. а) За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински. Таа не сакаше да дојде, а тоа беше вистински грев. б) а камоли. За изразување сооднос на надоврзување, поточно на градација. Тој не сакаше писмо да напише, а камоли да дојде. в) не само...а и. Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Не само што не сакаше да јаде таа, а и нам не ни дозволуваше да јадеме. 3. а) За поврзување зборовни состави или реченици, меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен. Ние посетивме село, а не град. Не тага, а клетви во очите матни носи. Децата ја молеа, а таа не ги слушаше. б) а сепак. За изразување на спротивно од очекуваното, со значење и покрај тоа што. Многу сакаше да зборува,а сепак не рече ништо. 4. а...а а) За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива, сп. или. А удолу, а угоре, исто ми се фаќа. б) За нагласување на наизменично вршење на дејства, за временско сопоставување, сп. штом. А ќе стане, а ќе почне да се лути.